понедељак, 19. фебруар 2018.

Биди дел од историјата, приклучи се на младинската школа на ФК Љуботен

Со стартот на кампањата, биди дел од историјата, приклучи се на младинската фудбалска школа на најстариот фудбалски клуб, ФК Љуботен, ја започнува реорганизацијата и ревитализацијата на својата младинска школа. Со овој повик, фудбалскиот клуб Љуботен ги повикува сите млади деца, кој се на возраст од 8 до 18 години, да се запишат во младинските категории на најстариот фудбалски клуб во Македонија, и да ги покажат, и усовршат своите фудбалски вештини, за да постанат идни фудбалски професионалци.

Младинската школа при фудбалскиот клуб Љуботен, засега функционира само со оние најмлади генерации, популарни "петлиња" за играчи родени 2005-та година, и помлади, кој веќе се во тренажен процес.

Од 03.03.2018 со тренинзи започнуваат и постарите генерации родени 2004-та и постари 2003/02/01/00/99 а почетокот е закажан за во 12 часот на стариот градски стадион.

Исто така, и младинските категории во женската селекција се во полн тренажен процес, па сите девојчиња на возраст од 8 до 18 години може да се зачленат во женската екипа.

Покрај веќе докажаните тренери, со овие селекции Среќко Мисајловски и Александар Пишоски, со новите селекции за играчи роден 2004-та и постари ќе работи Ивица Радоњиќ, а во иднина планирано е бројот на тренер да се зголеми, се со цел, поуспешна работа која треба да даде резултати.

Веќе од новата натпреварувачка сезона новите млади категории ќе бидат приклучени во натпреварите во организација на ФФМ, додек планирано е да се учествува и на разни турнири за млади играчи како во земјава така и во соседството, се со цел развивање и можност младите играчи да се докажат пред стрнските тимови и скаути.

Сите нови членови кој ќе останат во клубот, ќе добијат клубски тренерки и мајци за тренинг, а во иднина планирано е комплетирање на опремата со разни додатоци, како торбички, шушкавци итн.

За сите информации и уписи, може да контактирате на официјалните фејсбук страници во машка и женска конкуренција, како и на телефонските броеви:

Среќко Мисајловски 070 348 225
Александар Пишовски 071 303 089
Ивица Радоњиќ 078 233 260

субота, 10. фебруар 2018.

Младост Т - Љуботен 4-2 (1-1)

Попладнево, на стадионот во Туденце, нашиот тим ја одигра втората контрола во пресред на стартот на Општинската фудбалска лига Тетово. Нашиот тим, кој денеска настапи во комбиниран состав доживеа пораз од 4-2.Во 11-та минута, преку Блајоче Гроздановски поведовме со 0-1, но 10 минути подоцна домашните израмнија на 1-1, резултат со кој се замина на одмор.Во второт полувреме, повторно поведовме со 1-2 а стрелец беше беше Роберт Димитриевски.До крајот на натпреварот нашиот тим како да подзастана, па тоа го искористија домашните играчи, кој преку пенал израмнија на 2-2, за подоцна да постигнат уште 2 гола за конечни 4-2. Нашиот тим веќе утре го игра третиот контролен натпревар, а противник е екипата на Тетекс.

петак, 09. фебруар 2018.

Славче Антоски повторно во Љуботен

Повратникот во нашите редови Славче Антоски, е ново засилување за нашиот тим. Антовски, пред 4 сезони настапуваше за Љуботен кога нашиот тим се бореше за влез во 2МФЛ. Антоски, веќе одигра еден пријателски натпревар против екипата на Генч Калемлер, и беше стрелец на два гола.Најверојатно, Антоски ќе биде единственото наше засилување во пресеред на новата полусезона, со оглед на тоа дека во есенскиот дел, екипата беспрекорно функционираше и ниту еден играч не го напушти нашиот тим.